23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃорѓиев: Земјоделците имаат на располагање исклучително поволни кредити

Ѓорѓиев: Земјоделците имаат на располагање исклучително поволни кредити

mbpr

Повеќе од 6,5 милиони евра имаат на располагање земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) што може да ги користат по исклучително поволни услови за повеќе намени, примарно производство, откуп, преработка и извоз.

Како што изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, каматата на овој финансиски инструмент е само 3 отсто, а грејс периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години. Притоа, аплицирањето не е преку деловните банки, туку директно во МБПР што претставува дополнително олеснување.

– Максималниот лимит на една кредитна транша е 300.000 евра за примарно производство или 500.000 евра за откуп, преработка и извоз, истакна Ѓорѓиев.

Со оваа мерка, освен идни проекти, се поддржуваат и реализираните 90 дена пред поднесувањето на кредитното барање. Рокот од 30 дена за поднесување на документите за правдање на потрошените средства, е зголемен на 90 дена.

Земјоделците можат да користат средства и преку Земјоделскиот кредитен гарантен фонд кој финансира проекти со максимален износ до 100.000 евра. Реализацијата на заемите е во соработка со деловните банки и штедилниците. Каматната стапка е меѓу 4 и 5 отсто за банкарски кредит, а 6 за заем преку штедилниците.

Портпаролот потсети и на кредитната линија од 100 милиони евра обезбедени преку Европската инвестициска банка, средства кои земјоделците може да ги користат со 5,5 отсто субвенционирана каматна стапка.

Од оваа кредитна линија досега се искористени преку 50 милиони евра, веќе се обработуваат барања за уште 17 милиони евра, што значи дека за земање остануваат уште 32 милиона евра, додека од вкупно проектираните 10,7 милиони евра обезбедени со докапитализација на МБПР, досега се искористени 3,9 милиони евра главно за грозје, житни култури и раноградинарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП