23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на каматите го намали профитот на Fannie Mae

Падот на каматите го намали профитот на Fannie Mae

fanime 44

Американскиот хипотекарен гигант „Fannie Mae“ објави нето профит од 1,1 милијарди долари за првото фискално тромесечје, пренесе „Bloomberg“.

Декларираните резултати за периодот јануари-март бележат 17-ти по ред квартал со добивка за компанијата, контролирана од владата. Чистата добивка за истиот квартал минатата година сепак беше 1,9 милијарди долари, а во четвртиот квартал на 2015-та година – 2,47 милијарди долари. Истовремено приходите опаѓаат со 7,5 отсто до 4,97 милијарди долари. Падот во добивката се должи главно на падот долгорочните каматни стапки, кои се одразуваат негативно на вредноста на дериватите кои „Fannie“ ги користи за управување со ризикот. Ривалот „Freddie Mac“ објави во вторникот поради истата причина загуба за првиот квартал.

Владата ја спаси „Fannie Mae“ и помалата хипотекарна компанија „Freddie Mac“ во екот на кризата во септември 2008-ма година.

„Fannie Mae“ ќе исплати дивиденда од 919 милиони долари на американското Министерство за финансии во следниот месец. Така компанијата ќе плати вкупно 148,5 милијарди долари дивиденди кои ја надминуваат сумата од 116 милијарди долари добиени од даночните обврзници во текот на финансиската криза. Под услов на посебниот надзор двата хипотекарни гиганти се обврзани да ги предадат сите добивки над одреден минимален праг. Плаќањата се сметаат за поврат на инвестиција, а не како враќање на помош, со што практично нема постоечки механизам со кој би можеле да излезат од државната контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП