20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetrobras во проблеми, продава дел од имотот

Petrobras во проблеми, продава дел од имотот

petrobras 30394

Бразилскиот државен нафтен гигант „Petrobras“ ја договори продажбата на имотот во Аргентина и Чиле за 1,38 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Бразилскиот нафтен гигант продаде 67,2 проценти од сопственоста во својата подружница во Аргентина (PESA) на компанијата Pampa Energia SA за 892 милиони долари, како и комплетниот удел во компанијата Petrobras Chile Distribucion Ltda на приватната инвестициска група Southern Cross Group за 490 милиони долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Продажбата, која треба да ја одобри генералниот директор на управниот одброт на Petrobras, доаѓа во момент кога нафтениот гигант е вплеткан во најголемиот бразилски корупциски скандал и е под товар на долг тежок 100,4 милијарди долари.

Petrobras во март оваа година објави дека забележал рекордна загуба од 9,6 милијарди долари за минатата година, значително поголемa во однос на минусот од 7,2 милијарди долари една година претходно.

Минатата година, компанијата процени дека загубила околу 2 милијарди долари поради мито и корупција во текот на 10 години.

Директорите на бразилскалата нафтена компанија во државна сопственост наводно со лажни договори со градежната групација повлекле милијарди долари од компаниите преку напумпани договори, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП