20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакирани 272 милиони интернет адреси

Хакирани 272 милиони интернет адреси

haker333

Компанијата за интернет безбедност „Hold Security“ објави дека добила од хакер база на податоци за 272 милиони интернет адреси и лозинки за профили во различни сајтови. Иако звучи лошо, всушност нападот не е толку голем, пишува „The Guardian“.

Загрозени се корисниците на Gmail, Outlook и Yahoo мејловите, но и Mail.ru, како и корисниците на германските и кинеските мејл сервиси.

Изгледа основна цел на хакерите биле руските корисници. Околу 57 милиони е-маил адреси се од најголемата електронска пошта во Русија „Мail.ru“ која има околу 100 милиони корисници месечно. Околу 40 милиони се корисници во „Yahoo Mail“, 33 милиони во „Hotmail“ и 24 милиони во „Gmail“. Стотина илјади мејл адреси се на корисници од Германија и Кина (германски и кинески мејл сервиси).

Со оглед на тоа што многу корисници за логирање на социјалните мрежи и другите јавни сервиси, вклучувајќи го и онлајн банкарството, користат иста лозинка, како и за логирањето на својот мејл, јасно е дека веднаш сите треба да ги променат своите лозинки. Без оглед на тоа дали вашиот мејл е загрозен или не, сега е вистинското време да ја промените лозинката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП