23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Alibaba ги надминаа прогнозите

Приходите на Alibaba ги надминаа прогнозите

alibaba 3777

Приходите на „Alibaba Group Holding“ за четвртиот квартал ги надмина прогнозите на аналитичарите, благодарение на фактот дека најголемата кинеска компанија за електронска трговија успеала да продаде повеќе реклами во своите платформи, пишува „Bloomberg“.

Продажбата се зголемила за 39 отсто до 24,2 милијарди јуани (3,7 милијарди долари) во кварталот, кој заврши во март, објави компанијата. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, беше за 23,2 милијарди јуани. Приспособената заработка по акција е 3,02 јуани, додека аналитичарите очекуваа 3,52 јуани.

Платформите на „Alibaba“, кои поврзуваат трговци и купувачи, ја поминале границата од 3 илјади милијарди јуани од продажба на стоки, додека компанијата продолжува да расте, во позадина на забавувањето на растот на кинеската економија.

Онлајн компанијата заработува повеќе од мобилни реклами, продлабочувајќи ги своите напори за влез во руралните региони во Кина и проширувајќи ги активностите во странство.

Нето добивката на компанијата се зголеми до 5,3 милијарди јуани. За споредба, просечната оценка на аналитичарите беше за 5,4 милијарди јуани.

Цената на акциите на компанијата падна за 0,1% до 75,82 долари на берзата во Њујорк. Акциите бележат пад за 6,7% од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП