19 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the week: Не ми е денот

Tip of the week: Не ми е денот

Untitled-1

Сите ние сме почувствувале врз нашиот грб моменти кога баш и не ни се работи. Момент, кога остварувањето на целите се на второ место, едноставно не ни е денот. Нема ништо лошо во тоа, но има ако се случува тоа многу често.

Дека нема ништо лошо во тоа се и голем број на статии за тоа дека во некои компании, овие денови се пресметани, па така една компанија „губи” речиси еден ден (на годишно ниво) и истиот го калкулира соодветно. Но, како ќе биде искористен тој ден и добивање на максимум од него, не е веќе само прашање за самиот вработен туку и за менаџментот.

Но пред сè, важно е да се напомене дека не е тука поентата да се вадиме на тоа дека нам секој ден ни е таков, туку ден кога фокусот не ви е во работата, едноставно енергијата ви е намалена од грижи за покрупни работи, пред сè домашни, сезонски заболувања, промена на времето и слично.

За жал, поголемиот број од нас, не знаеме како да се организираме со самите себеси, па од тука и почнуваат големите недоверби и проблеми на работа. Кога мислам на самите себе, тоа се однесува како за вработените, така и за менаџментот.

Еве ви неколку совети што да направите за да извадите максимум од целиот ден, колку може поголем максимум:

  • Едукација – ова го имаме споменато многу пати, а му даваме големо значење, па затоа е и прво. Денес, едукацијата подостапна од кога било, па со самото барање по некој пребарувач за која било тема ќе најдете безброј статии. Едуцирајте се! Инвестирајте во самите себеси! Немојте да губите време на социјалните медиуми и озборување.
  • Планирање – ова е соодветен момент за планирање. Искористете го овој период за планирање на следниот ден, следната недела, месец, подолг период…
  • Помош – најдете им се на вашите колеги и помогнете им да го постигнат тоа што го планирале тој ден, што побргу. Од една страна, ќе научите можеби нешто различно, но некому ќе ми помогнете.
  • Спортски активности – и нив ги имаме споменати неколку пати, па дури и видео имаме направено. Ете, ако сакате може него да го најдете.
  • Организација – на вашето работно место. Кога зборам за работно место, под него подразбирам она што го користите, па тоа може да биде работна маса, работна површина, шкаф, компјутер и други работи што ги користите секојдневно. Исчистете ги од непотребни работи.
  • Време за вас – убаво размислете, зошто сте дошле до оваа ситуација и што сте можеле да направите за да не дојдете до тука. Дозволете си да „отпатувате“ некаде со мозокот, но бидете внимателни, на работа сте.
  • Завршување на стари обврски – сите оние работи што ви биле оставени за подоцна, сега е периодот да ги намалите или да ги доведете до нула. Тие се дојдени таму, бидејќи не биле итни и неопходни, но им треба внимание, па сега е време кога можете да ги завршите. Прво, приоретизирајте ги, па после тоа завршувајте ги една по една.

 

Има многу работи што може да ги направите, а сепак да бидете продуктивни за тој период, но и менаџментот ќе треба да има знаење, па доколку некој од вашите луѓе се најде во таква ситуација, немојте со викање или со казнување, туку прво видете зошто е дојдено до таму и извадете максимум од личноста во тој период. Привремено пренасочување на други работни обврски, исто така ќе биде од корист за сите.

 

Со успех во промените,

 

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП