18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФункционалниот јогурт Здравје + со поддршка на македонските музички вредности

Функционалниот јогурт Здравје + со поддршка на македонските музички вредности

bmm

ПРОМОВИРАН АЛБУМОТ АКО СИЛНО ПОСАКАМ… НА ДАРИО

Реномираната македонска компанија Млекара Здравје Радово со својот нов бренд – функционалниот јогурт Здравје +, денес претпладне беше горд поддржувач на уште еден македонски музички проект.

Здравје + со гордост и особено задоволство застана зад новиот музички албум “Ако силно посакам”, на еден од најеминентни музичари на македонската музичка сцена Дарио, кој по кратка пауза повторно и се враќа на македонската музика. Тој пред новинарите, негови верни поддржувачи и промотери сиве овие години ја нагласи  љубовта со која ги работеше сите 10 теми од албумот, наменети за неговата публика која знае да је препознае енергијата во неговата музика веќе неколку децении.
Покрај албумот Дарио, промовираше и два нови видео спота, еден за преработката на песната “Една гитара” на вонвременскиот доајен на македонската музика Јонче Христовски, и еден видео клип за темата “Што е мое ќе си дојде”.

baa

– Здравје + јогуртот како и сите наши останати производи се внимателно создадени од 100% домашно млеко од Македонија. Свесни сме за квалитетот на македонското млеко, работливоста на нашите помали или поголеми фармери и чистотата на македонските пасишта. Македонија има традиција на квалитетно млеко, но нашата земја е со години и години препознавана по исклучително добра музика и песна. Ние како компанија имаме одговорност и обврска да застанеме зад проектите на македонските музичари, особено во време кога македонската квалитетна музика има се помалку медиумски простор. Дарио е еден од брендовите кои заслужуваат безрезервна почит и поддршка за сето она што до сега го направил но и допрва ќе го дава за македонската музика, изјави Милка Исјановска – Маркетинг директор на Млекара Здравје Радово.

bbb

Функционалниот јогурт Здравје + најавува поддршка на промоцијата на уште еден нов македонски музички албум, кој ќе се промовира идната недела, а се со цел користење на домашни квалитетни производи и слушање на домашна и квалитетна музика…

bcc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП