29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите во хаос, а домаќинствата богати

Државите во хаос, а домаќинствата богати

eu2

Домаќинствата во многу земји во еврозоната кои досега побарале меѓународна помош, се побогати од домаќинствата во оние земји кои сами се финансираат, па дури и исплаќаат пари за да им помогнат на другите.

Овие резултати ги објави Европската централна банка (ЕЦБ), по деталното истражување, а до слични резултати на крајот на март дојде и германската централна банка, пренесува агенцијата АФП.

ЕЦБ ги истражи финансиите и потрошувачката на домаќинствата во сите земји на еврозоната со исклучок на Ирска и Естонија. Сe покажа дека домаќинствата во земјите кои земаат меѓународна финансиска помош, често се побогати од оние домаќинства во земјите кои даваат финасиска помош за другите.

Просечната нето вредност на домаќинствата, според истражувањето на Евросистемот, во Шпанија достигнува 291,400 евра, а во Италија 275,200 евра, што е значително повеќе од Германија со 195,200 евра, Холандија со 170,200 или Финска со 161,500 евра.

ЕЦБ за ваквото истражување соработуваше со централните банки во земјите од еврозоната, односно со Евросистемот. За ваквото истражување беа користени податоци од 2010 година.

Средната вредност на имотот кој го поседуваат домаќинства во Германија, на пример, изнесува 51,400 евра. Тоа е околу една третина од вредноста на имотот кој домаќинствата го поседуваат во Италија или Шпанија.

Најбогатите домаќинства се во Луксембург, покажува истражувањето. На второто место е Кипар, кој минатиот месец беше на работ од банкротот, исто како и Грција, Ирска, Шпанија и Португалија, кои досега неколку пати побараа меѓународна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП