29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAB InBev сака да продаде дел од европското портфолио на брендови на...

AB InBev сака да продаде дел од европското портфолио на брендови на SABMiller

pivoto3 3

„Anheuser-Busch InBev“ понуди да ги продаде марките на „SABMiller“ од Централна и Источна Европа, вклучувајќи и „Pilsner Urquell“. Ова се случува во пресрет на одлуката на Европската комисија (ЕК) дали да го одобри купувањето на лондонската компанија за производство на пиво.

Средствата можат да донесат околу 5 милијарди долари според аналитичарите на „Exane BNP Paribas“, кои оценуваат дека тие би му донеле на „SABMiller“ околу 2,3 милијарди долари од продажба и 450 милиони долари добивка пред камати и даноци.

„AB InBev“ ги нуди сите средства на „SABMiller“ во Унгарија, Романија, Чешка, Словачка и Полска, кои ги вклучуваат и правата за „Pilsner Urquell“ надвор од САД. Во САД „AB InBev“ веќе се согласија да го продаде „Pilsner Urquell“ на „Molson Coors Brewing“.

Потенцијалната продажба ќе вклучува и брендови како полските „Tyskie“ и „Lech“, унгарското пиво „Dreher“ и романското „Ursus“. На историски план Источна Европа не била главен фокус на „AB InBev“, чии брендови таму се дистрибуирани од „Molson Coors“. Генерално договорот има за цел да намали притисоците на ЕК од евентуалното спојување.

„SABMiller“ во моментов е третата најголема компанија за пиво во Источна Европа, со пазарен удел од околу 15%, покажуваат податоците на „Euromonitor“. „AB InBev“ заостанува со удел од 7,9%. На прво и второ место во Источна Европа по удел се рангираат соодветно „Carlsberg“ и „Heineken“, но е малку веројатно тие да купат голем дел од средствата поради регулаторни пречки, велат аналитичарите. „Molson Coors“ исто така не се смета за најверојатен купувач. Наместо тоа, експертите посочуваат на „Asahi Group Holdings“ и компании за акциите за инвестирање како потенцијални заинтересирани.

За време на состанокот на акционерите на „AB InBev“, оваа недела извршниот директор Карлос Брито изјави дека менаџментот е фокусиран на две работи во моментов – работата со регулаторите и плановите за интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП