28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey ја подобрува Honda NSX

Hennessey ја подобрува Honda NSX

hene 33

Првиот тјунинг пакет за новата генерација на „Honda NSX“ ќе биде дело на Американците „Hennessey Performance“. Тие ја претставија доработката врз која веќе работат.

Деталите во моментов се ограничени, но сепак станува јасно дека основата задача пред тјунерите е зголемувањето на моќноста на хибридниот систем на максималната „Honda“. „Hennessey Performance“ подготви поголем турбо-компресор, посебен издувен систем од нерѓосувачки челик, како и нов софтвер за електронско управување со моторот.

Преработениот „NSX“ ќе демонстрира исто така посебен декор и доработен екстериер. Во моментов е познато дека меѓу новите детали ќе бидат лесни бандажи, карбонски адитиви, помоќни сопирачки и друго.

Пакетот на „Hennessey Performance“ треба да биде претставен официјално подоцна во оваа година.

Серискиот „NSX“ користи специјално развиен 3,5-литарски твин-турбо „V6“ мотор со 507 КС и 550 Нм. Тој работи со 9-степен автоматски менувач со две спојки, а е помогнат од електромотор со моќност од 47 КС. Погонскиот агрегат има уште два електромотори, кои се наоѓаат помеѓу предните тркала. Тие се напојуваат од комплет литиум-јонски батерии. Така на крајот хибридниот систем со погон 4х4 – „Sport Hybrid Super Handling All-Wheel Drive“, располага со вкупно 580 КС и 644 Нм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП