20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките компании продолжуваат со прекинување на своите активности

Грчките компании продолжуваат со прекинување на своите активности

grece33

16.000 компании во Грција ја прекинаа својата дејност во 2015-та година, соопштува „Greek Reporter“, повикувајќи се на податоци на Европската комисија. Од почетокот на економската криза кај нашиот јужен сосед во 2008-ма година речиси 245.000 фирми се затворени.

Според податоците во 2008-ма година во Грција биле регистрирани 858.600 фирми. Кон крајот на 2015-та година нивниот број веќе е 613.900. Затворањето на овие компании значи губење на 842.600 работни места, покажуваат уште официјалните податоци.

Според пресметките прекинатата активност на компаниите и загубените работни места е еднакво на 30,31 милијарди евра од бруто домашниот производ (БДП).

Во податоците од регистарот на компании во првиот квартал на 2016-та година во земјата се регистрирани 5.980 нови компании. Во исто време, сепак 9.800 ја прекинале својата дејност.

Зголемувањето на даноците и тешките економски реформи веќе натераа 60.000 грчки компании да аплицираат за преместување на бизнисот во Бугарија, покажуваат податоците на локалните деловни организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП