23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов кинески бренд влегува во Европа

Нов кинески бренд влегува во Европа

gili 33535

Кинескиот концерн „Geely“, сопственикот на компанијата „Volvo“, ќе пушти нова автомобилска марка, која ќе треба да се зацврсти на пазарите во Европа. Ова го објави агенцијата „Ројтерс“, која се повикува на свои извори.

Очекувањата се проектот, кој во моментот го носи кодното име „L“, да започне во почетокот на 2017-та година. Во основата на новите автомобили е модуларната платформа „CMA“ развиена заеднички од „Geely“ и „Volvo“. На неа ќе биде изградено цело семејство компактни автомобили „Volvo“, во кое ќе влезат и сегашните модели „V40“ и „XC40“.

Првиот автомобил од новата марка ќе биде кросовер, а по него ќе се појави и седан. Излегувањето на новиот бренд беше потврдено и од главниот дизајнер на „Geely“ – Петер Хорбери. Кој за „Auto Express“, тој призна дека кросоверот веќе е речиси готов, како и дека се развива од дизајнерско студио на „Volvo“ во Гетеборг.

Во палетата мотори на новите автомобили ќе влезат 3 мотори од семејството „Drive-E“. Тие се развиваат од компанијата „Volvo“, а ќе нудат неколку варијанти на моќност. Најсилниот ќе располага со 180 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП