18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТој заработи 5 милиони долари во секунда!

Тој заработи 5 милиони долари во секунда!

amazon jef

Колку пари заработувате во 1 минута? Основачот на „Amazon“ Џеф Безос успеа да го зголеми своето богатство со 6 милијарди долари во четвртокот навечер, при тоа за само 20 минути.

Тоа значи дека Безос заработил 300 милиони долари во минута, или 5 милиони долари во секунда.

Неговата компанија најави подобри од очекуваните резултати по крајот на берзанското тргување, што беше и причина за зголемувањето на цената на акциите од над 10%. Вчерашната седница не беше помалку возбудлива откако акциите на „Amazon“ додадоа 9.57% или до 659.59 долари за готово.

amazonk3

Гигантот во сферата на онлајн трговијата објави квартална добивка од 513 милиони долари или 1,07 долари по акција, во споредба со загуба од 57 милиони долари или 12 центи за првите три месеци на 2015-та година.

Продажбата на компанијата бележи раст од 28% до импресивни 29.1 милијарди долари. Пазарната проценка на „Amazon“ успеа да се искачи на 311 милијарди долари. Со богатство од 58.1 милијарди долари, Безос ја зазема петтата позиција меѓу најбогатите луѓе на планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП