19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Adidas скокна за 22 проценти

Продажбата на Adidas скокна за 22 проценти

adidas-superstar-animal-white-black-2

Германскиот производител на обувки и облека, „Adidas“, забележа раст на продажбата од 22 проценти во првиот квартал од тековната година.

Компанијата ја зголеми и прогнозата за деловните резултати за цела 2016 година по втор пат во помалку од три месеци во пресрет на јунскиот Европски шампионат во фудбал.

Приходите од продажбата во извештајниот период, прилагодени на ефектите од девизниот курс, достигнаa 4,8 милијарди евра (5,4 милијарди долари), пренесува aгенцијата Франс прес.

Оперативниот профит скокна за 35 проценти на 490 милиони евра, а нето добивкaта е зголемена за 38 проценти на 350 милиони евра, соопшти „Adidas“, додавајќи дека деталниот извештај за резултатите од својот прв квартал ќе ги објави на 4-ти мај.

Компанијата ги зголеми предвидувањата и за цела 2016 година. „Управата сега предвидува раст на продажбата по стапка од 15 проценти во 2016 година, кога во предвид ќе се земат ефектите од промената на валутните курсеви. „Adidas“ претходно сметаше на раст меѓу 10 и 12 проценти, се наведува во соопштението.

Како резултат на тоа, групацијата очекува дека нето приходите од работењето ќе се зголемат меѓу 15 и 18 проценти, во однос на претходно прогнозираните 10 до 12 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП