25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДополнетата „Mein Kampf“ би можела да се користи во наставата

Дополнетата „Mein Kampf“ би можела да се користи во наставата

меин-кемпф

Во Германија овие денови се води жестока полемика за тоа дали е потребно новото, коментирано издание на книгата „Мојата борба (Mein Kampf) на германскиот нацистички водач од Втората светска војна, Адолф Хитлер, да се користи во наставата на училиштата.

„Се плашам и да помислам што би се случило во текот на одморот, откако училишното ѕвонче ќе ја прекине расправата за ‘Mein Kampf’, насочена против човековиот живот и достоинството, и така оваа чувствителна тема, необработена да остане да виси во воздухот“, вели Шарлоте Кноблох, претседателката на Израелитската заеднина во Минхен, во врска со расправата за употребата на новото коментирано издание на познатата книга на Адолф Хитлер коешто од почетокот на годинава се наоѓа во продажба.

„Јас, антисемитското дело на омраза на Хитлер не го сметам за елемент кој треба да влезе во наставата. Малото време коешто учениците го минуваат занимавајќи се со ткн Трет Рајх да се пополни со читање антисемитски пораки на омраза, не го сметам за полезно“, заклучува 82-годишната Кноблох.

Парламентот на германската сојузна покраина Баварија, кој е надлежен во врска со прашањата поврзани со политичкиот памфлет на Хитлер, имајќи предвид дека авторските права ги поседува Баварија и истекуваат оваа година, во четвртокот расправаше по предлогот на претседателот на Здружението на германските наставници, Јозеф Краус, кого го поддржа и сојузната министерка за образование Јохана Ванка, кој се заложи новото издание на „Mein Kampf“ да се користи во текот на наставата по историја за учениците од повисоките класови во средното образование.

Краус се залага за воведување дебати за „Mein Kampf“ за учениците повозрасни од 16 години. „Соочувањето со содржината на оваа книга претпоставува одредена зрелост, којашто, на пример, кај еден 13-годишник, сé уште не е присутна“, рече Краус.

Баварското биро за политичко образование подготвува брошура за наставниците во која предлага на кој начин треба да се тематизира и да се обработува ова контроверзно дело во наставата.

„Мислам дека учениците имаа право да осознаат од каде потекнува националсоцијалистичкиот светоглед. И затоа е потребно да се соочуваат и со изворите како што е ‘Mein Kampf’“, изјави еден од авторите на брошурата, Урлих Баумгартнер од Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен.

Од појавувањето на пазарот, дополнителното и коментирано издание на „Mein Kampf“, книгата е продадена во 55.000 примероци.

Институтот за современа историја во Минхен го објави, со дозвола на сопственикот на авторските права, Сојузната покраина Баварија, на почетокот од годината коментираното издание на „Mein Kampf“, напишана во 1924 година кога Хитлер бил во затвор по неуспешниот преврат од претходната година.

Оваа книга во моментов се наоѓа на второто место на листата на стручна литература на неделникот Mein Kampf. Книгата содржи повеќе од 3.500 коментари на делови од политичкиот памфлет на Хитлер во кои се појаснува заднината и историските околности на поедини делови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП