20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови рекордни цени на нафтата годинава

Нови рекордни цени на нафтата годинава

nafta 94

Цените на нафтата во петокот на меѓународните пазари пораснаа на највисокото ниво годинава и на пат се да остварат најголема месечна добивка во последните седум години, додека слабиот долар и падот на американското производство ја стивнуваат загриженоста поради долготрајниот вишок нафта на пазарите.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 21 цент во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,35 долари. На американскиот пазар барелот сирова нафта, пак, зајакна за 45 центи, и изнесуваше 46,48 долари во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот. Цените и на двата пазара постигнаа највисоко ниво од почетокот на 2016 година.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека со барелот референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот се тргувало по 64 центи повисока цена отколку во средата, од 42,02 долари.

Инвестициската банка „Jeffries“ во петокот оцени дека пазарот „влегува во период на подбра рамнотежа“ и дека во втората половина од годинава нема да биде презаситен.

Меѓутоа, друга аналитичари сметаат дека е прерано да се зборува за тоа. „Проблемот е што не видовме дека растот на цените е поврзан со фундаментите. Фундаментите, како високите резерви, високото производство, не се променија“, вели за Reuters Хамза Кан од ING.

„Deutsche Bank“, пак, објави дека се наѕира зголемување на производството меѓу членките на OPEC, по растот на иранското производство, што би можело да го ограничи растот на цените. Се очекува, исто така, дека саудиското производство би можело да порасне за 350.000 барели дневно, на 10,5 милиони барели дневно, според неименувани извори, како и дека танкерите пловат по морињата преполни со непродадена нафта.

Меѓутоа, падот на производството надвор од OPEC, а особено во САД, ги зголемува надежите дека презаситеноста на пазарите во последните речиси две години, би можело да заврши. „Bank of America Merrill Lynch“ во белешката за клиентите нотирала дека „снабдувањето надвор од OPEC се наоѓа пред амбис“ и проценува можен пад на глобалното производство во април или мај, првпат по 2-013 година.,

Слабеењето американски долари, кој од почетокот на годинава потона за 6 отсто во однос на кошницата други водечки валути, што исто така ги поткрепи цените на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП