23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекувањето на деца епилептичари со канабиноид покажало одлични резултати

Лекувањето на деца епилептичари со канабиноид покажало одлични резултати

канаби

Програмата за едногодишно лекување на 23 деца заболени од епилепсија со редовни дози синтетички канабиноид, која ја спроведувале во Педијатриската клиника во Љубана, покажало одлични резултати, па е одлучено таа и натаму да се спроведува, а се размислува и за можноста да биде достапна и за другите, пишува во петокот еден од водечките словенечки дневни весници Delo.

Во Словенија епилепсија е дијагностицирана кај околу 2.500 деца и малолетни лица, а кај некои, како епилептичарите кои биле вклучени во експерименталната програма, вообичаените антиепилептички лекови не биле делотворни.

„Со примената на доза синтетичкиот канабидиол (CBD), кој е присутен и во природниот коноп, епилептичните напади кај седум деца вклучени во програмата потполно исчезнале, кај четири подобрувањето на здравствената состојба е 90-процентна, а кај четири е 50-отстотна. За другите четири мали пациенти сé уште нема дефинитивни резултати, додека само три не реагирале на третманот и немало подобрувања“, изјавил за Delo, др Давид Ноебауер, од клиничкиот оддел за неврологија кај млади на споменатата љубљанска клиника.

Студијата направена врз основа на програмата покажала дека негативни споредни ефекти во таквото лекување воопшто немало. Затоа националниот здравствен завод се согласил периодот во кој малите пациенти ќе добиваат дози канабоиди да се продолжи на уште две години и ги признава трошоците за таквото лекување. Врз основа на истражувањето таквото лекување ќе се признава и за другите епилептичари меѓу младата популација, кај коишто вообичаените фармацевтски лекови не делуваат.

Напоредно со оваа програма, се спроведувала и програма за други млади пациенти, на којашто инсистирале нивните родители, и во која било применето лекување со природни лекови и медицински коноп. Во оваа програма биле вклучени 14 деца, а епилептичните напади престанале кај повеќе од половината, пишува весникот, но се додава дека за популаризација и поширока примена на ваквата метода постојат проблеми кои не се решени.

Едномесечната терапија со канабоноиди во Словенија чини меѓу 600 и 800 евра, а големи отпори во однос на примената на канабоноидите во лекувањето на епилепсијата и некои други болести постои токму во медицинската струка, односно кај специјалистите невролози, наведува Delo.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП