19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстро запрен растот на економијата на САД во првиот квартал

Остро запрен растот на економијата на САД во првиот квартал

amerika1

Растот на американската економија во првото тримесечје од оваа година е остро забавен на 0,5 отсто на годишно ниво, што е најслабиот раст во изминатите две години, покажаа прелиминарните процени на американската влада.

Растот на американскиот бруто домашен производ (БДП), поради слабеењето на активностите во речиси сите сектори, во првиот квартал е повеќе од преполовен во споредба со 1,4 отсто во четвртото ланско тримесечје, покажаа процените на американското министерство за труд. Економистите во анкетата на Reuters, пак, очекуваа раст од 0,7 отсто.

Стапката на растот во првиот годинешен квартал е најниска од првото тримесечје во 2014 година, а во најголем дел е последица на подзапирањето на личната потрошувачка и натамошното слабеење на американскиот извоз поради силниот долар.

Економијата ја притиска и евтината нафта, која ги погоди добивките на компаниите кои се занимаваат со давање услуги за нафтената индустрија, вклучително и гигантите како што се „Schlumberger“ и „Halliburton“, а што резултираше со падот на потрошувачката на компаниите по најголемата стапка од вториот квартал во 2009 година, коа завршуваше рецесијата.

Речиси сите сектори во најголемата светска економија ослабеле во првото тримесечје, со исклучок на градежниот сектор, покажа споменатиот извештај.

Личната потрошувачка, којашто инаку придонесува за повеќе од две третини од вкупните економски активности во САД, зголемена е за 1,9 отсто, што е нејзиниот најслаб раст од првиот квартал во минатата 2015 година, а претставува и забавување во однос на 2,4-процентниот раст во четвртиот лански квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП