28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLe Syvrac – Android велосипед со 4GB RAM (видео)

Le Syvrac – Android велосипед со 4GB RAM (видео)

androbajk

„LeEco“ e една од бројните млади кинески компании кои сакаат да привлечат глобално внимание, а еден од нивните најзабавни и најекстравагантни производи е велосипедот „Le Syvrac“.

Неговата намена е и како велосипед и како смартфон, а овој производ функционира на оперативниот систем „Android“ кој користи четиријадрен процесор од 4 GB RAM. „Le Syvrac“ има екран од 4 инчи кој е поставен на рачката од воланот, како и ласерски покажувачи, сензор за мерење на отчукувањето на срцето, вградени звучници и камера.

Компанијата во велосипедот вгради и ласери, кои емитуваат сноп ласери од двете страни на велосипедот, со што возачите на автомобили ги предупредуваат да држат безбедно растојание од велосипедистот.

„Le Syvrac“ веќе е достапен за продажба во Кина, а неговата цена се движи од 800 до 6.000 долари (во зависност од материјалот од кој е направен рамот на велосипедот). Овој велосипед на пазарот во САД би требало да се појави кон крајот на годината, но не е познато кога тој ќе пристигне во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП