28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОсвежете го изгледот на вашата кожа со оваа едноставна домашна маска

Освежете го изгледот на вашата кожа со оваа едноставна домашна маска

enhanced-buzz-20679-1405633381-4

Се што е потребнo за најдобра нега на кожата се наоѓа во вашата кујна. Ви препорачуваме за нега на вашето лице и воопшто на кожата да користите природни домашни препарати без никакви хемикалии.

Овој пат ви претставуваме едноставен рецепт за маска за кожа од портокал кој ќе направи чудо за вашата кожа.

Потребни ви се  – портокал и брашно.

Исцедете сок од портокалот па потоа помешајте две лажици брашно со две лажици сок од портокалот. Маската нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува 20 минути. Лицето измијте го со топла вода.

Оваа маска особено ќе им одговара на оние кои имаат масна кожа. Употребувајте ја оваа маска еднаш неделно со цел да ја подобрите општата состојба на вашето лице, тоа да добие сјај, а вие посвеж и поздрав изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП