25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПромовирана Фудбалската академија на Вардар

Промовирана Фудбалската академија на Вардар

akademija vardar

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува Фудбалска академија со највисоки светски стандарди.

Фудбалската академија ФК Вардар, е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите, која исто така е цел и план на ФК Вардар.

Овој проект е од суштествено значење и за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100 отсто потенцијал да стане македонски репрезентативец.

Социјалниот апсект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-от век кои се застапени насекаде на светот, па и во Република Македонија.

Институција од овој тип се гради за прв пат во историјата на државата и ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи. Од регионот академија од ваков тип има фудбалскиот клуб Партизан, кој реално продуцира фудбалски таленти и е дел од еминентните фудбалски натпреварувања како Лигата на Европа и групната фаза на Лигата на шампиони.

“Терените се со вештачка трева поради можноста тренинзите да се одвиваат во разни временски услови. Сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Слободно можам да кажам дека академијата на ФК Вардар ги исполнува сите услови за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во некои големи европски клубови. “ – изјави Павел Неделковски координатор на детската школа ФК Вардар.

Денес во ФК Вардар професионално тренираат 400 млади деца, додека дел од фудбалската академијата се вкупно 1000 дечиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП