25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратовско Кетеново наскоро ќе добие повеќенаменско игралиште

Кратовско Кетеново наскоро ќе добие повеќенаменско игралиште

ketenovo

Повеќенаменското игралиште во селото Кетеново, општина Кратово, кое е во интензивна фаза на градба, се очекува да биде завршено за 20-сеттина дена.

„Игралиштето се гради согласно утврдената динамика и во моментов се поставува жичаната ограда. Според информациите од Изведувачот за околу 20-тина дена, жителите на ова Кратовско село ќе добијат ново и модерно повеќенаменско игралиште, каде ќе можат да се практикуваат повеќе колективни и индивидуални спортови”, рече при обиколката на градилиштето директорот на АМС, Марјан Спасески.

Тој посочи дека само преку Агенцијата за млади и спорт во изминатите неколку години во општината Кратово се инвестирани преку 33 милиони денари за изградба на тениски терен, повеќенаменско игралиште во селото Крилатица, фудбалскиот терен со вештачка трева “Мусала”, како и за ова повеќенаменско игралиште во селото Кетеново, а дека во текот на следната година предвидена е изградба и на 1 игралиште за “street basket”.

Во изминатите неколку години преку АМС се изградени 222 спортски објекти за што се инвестирани околу 43 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП