19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover размислува за мал СУВ

Land Rover размислува за мал СУВ

land

Откако на авто-саемот во Њу Јорк на јавноста и го претставија новиот „Range Rover Sport“ во „Land Rover“ размислуваат за тоа да ја прошират својата понуда со потполно друг модел за разлика од споменатиот.

Тоа всушност би требало да биде достапен мал СУВ модел со должина нешто поголема од 4 метри (односно околу 30cm пократок од сегашниот „Evoque“).

Во компанијата моментално ги разгледуваат сите опции и доколку овој концепт добие зелено светло за производство цената би требало да стартува од 18.000 фунти.

Како инспирација за изгледот ќе послужи концептот „DC100“, а во понудите за мотори би можеле да се најдат нови бензински и дизели мотори од 1.4L до 1.6L.

Во случај навистина да се појави на пазарот новиот мал СУВ ќе биде достапен со 4х2 погон, а би можел да се произведува надвор од Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП