29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБлизу и формално правно се присоединува кон оне.Вип

Близу и формално правно се присоединува кон оне.Вип

blizoo 333

БЛИЗУ ДООЕЛ Скопје станува и официјално дел од оне.Вип ДОО Скопје, односно согласно законската регулатива спроведена е постапка за присоединување на компанијата Близу Медиа енд Броудбенд ДООЕЛ Скопје (Близу ДООЕЛ Скопје) кон компанијата оне.Вип ДОО која се очекува да биде завршена на 3 мај 2016 година.

Со оваа постапка на присoединување, оне.Вип во целост го презема исполнувањето на сите досегашни права и обврски кон постојните корисници на услуги и добавувачи на производи и услуги на Близу ДООЕЛ Скопје, ќе настапува како оператор за обезбедување комуникациски услуги и ќе ги издава и доставува сите месечни сметки за користените услуги, кои се издадени по датумот на присоединување.

Корисниците на Близу и понатаму ќе продолжат да ги користат комуникациските услуги под истите услови како и досега и со истите цени согласно претплатничкиот договор и избраниот тарифен модел, преку истата мрежа и друга веќе доделена комуникациска опрема. Воспоставениот претплатнички однос ќе продолжи да се применува помеѓу корисниците и оне.Вип ДОО Скопје, кој од сега па натаму ќе настапува како оператор кој ќе ги обезбедува комуникациските услуги за корисниците на Близу и ќе ги издава и доставува месечните сметки за користените услуги.

„Со присоединувањето на Близу кон оне.Вип, се официјализира конвергентната стратегија на оне.Вип, што ќе донесе понатамошно збогатување на понудата, унапредување на квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии со уште повеќе придобивки за корисниците“, се вели во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП