24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомората на Северо-Западна Македонија во посета на компаниите во Гостивар

Комората на Северо-Западна Македонија во посета на компаниите во Гостивар

komora-gos

Комората на Северо-Западна Македонија продолжува со Карванот, и денес ги посети компаниите во Гостивар, каде што беа присутни над 30 компании од овој регион.

СКСЗМ секоја година организира состаноци со компаниите, каде што се дискутира за конкретните проблеми со кои се соочуваат стопанствениците, како што е патната инфраструктура во руралните средини, дивите депонии и проблемите со снабдувањето со електричната енергија.

На овој состанок, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората како и услугите што СКСЗМ ги нуди на своите членки.

И Групацијата на Бизнис Жени при СКСЗМ, пред присутните ги презентираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, со конкретни предлози за поддршка на женското претприемништво.

Следниот состанок ќе се одржи во Струга на 4 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП