19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокна невработеностa во Шпанија

Скокна невработеностa во Шпанија

shpanija1

Стапката на невработеност во првиот квартал од тековната година порасна на 21 процент од 20,9 проценти од претходниот квартал.

Тоа е лоша вест за владата во Мадрид во пресрет на можното одржување на другите општи избори во таа земја за последните шест месеци.

Бројот на невработени лица во периодот јануари-март порасна за 11.900 лица, на вкупно 4,8 милиони лица, покажуваат податоците на Институтот за статистика, пренесува агенцијата АП.

Ваквите податоци доаѓаат во момент кога Шпанија речиси сигурно се приближува до новите избори на 26-ти јуни, доколку до 2-ри мај, кога ќе истече законскиот рок, не дојде до формирање на нова влада.

Владеачката народна партија намалувањето на стапката на невработеност го постави како приоритетна задача во изминатте четири години од своето владеење, но и покрај тоа невработеноста во Шпанија и понатака е втората највисока во Европската унија, зад Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП