25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Facebook скокнаа над 50 отсто, добивката тројно

Приходите на Facebook скокнаа над 50 отсто, добивката тројно

fb j

Најголемата социјална мрежа Facebook во изминатиот квартал остварила приход од 5,38 милијарди долари, или 52 отсто повеќе отколку во истиот период пред една година, додека добивката е речиси тројно зголемена, благодарејќи на силниот раст на огласувањето.

Според објавениот во деловен извештај, чистата добивка на Facebook достигнала во првото годинешно тримесечје 1,51 милијарди долари, додека во истиот лански квартал изнесувала 512 милиони долари.

Притоа, приходите од огласувањето, коишто го сочинуваат најголемиот дел од приходите на Facebook, пораснале за 52,8 отсто, на 5,20 милијарди долари Најмногу пораснале приходите од огласувањето на мобилните уреди, па сега сочинуваат околу 82 отсто во вкупните приходи од огласувањето, додека пред една година изнесувале 73 проценти.

Огласувачите ги насочуваат парите од телевизиското во огласувањето на веб и мобилните платформи, а Facebookе е една од компаниите, кои од тоа имаат најмногу полза, иако на мобилниот видео пазар е соочена со жестоката конкуренција од Snapchat и YouTube, коишто исто така секојдневно привлекуваат милијарди посети.

Според аналитичката компанија Marketer, уделот на Facebook на глобалниот пазар на дигиталното огласување, вреден вкупно 186 милијарди долари, може оваа година да достигне 12 отсто.

Најголемата глобална социјална мрежа имала на крајот од изминатото тримесечје 1,65 милијарди активни месечни корисници ширум светот, 15 отсто повеќе отколку година дена претходно. Притоа, повеќе од 1,5 милијарди од корисниците пристапуваа преку паметните телефони или другите мобилни уреди, што е за 20 отсто повеќе отколку пред една година.

Основачот и извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, вели дека корисниците секојдневно минуваат повеќе од 50 минути на Facebook, Instagram и Messenger, што е многу време, имајќи ги предвид милионите апликации коишто им се нудат на корисниците.

„Facebook е импресивна компанија и остава малку простор за критики“, вели Мајкл Пејчтер, аналитичар во компанијата Wedbush Securities.

Благодарејќи на подобрите од очекуваните деловни резултати, цените на акцијата на Facebook пораснаа на Волстрит во средата за повеќе од 9 отсто, на рекордните 118 долари, што е речиси тројно повеќе во однос на цената во иницијалната понуда на акциите (IPO) пред четири години.

Во средата од Facebook, исто така, објавија дека ќе предложат издавање нова класа акции без право на глас, кои би биле поделени на сегашните акционери како дивиденда. Тоа на Цукерберг би му овозможило да ги продаде своите акции без право на глас, а притоа да не ја загуби контролата над компанијата. Тој неодамна објави дека има намера да подели 99 отсто од своето богатство во хуманитарни цели.

Инвеститорите порачуваат дека не се загрижени од тоа што Цукерберг би ја зголемил својата контрола, имајќи предвид дека Facebook постојано расте побрзо од очекувањата.

„Искрено, сметам дека никому не му е грижа од тоа што тој би имал поголема моќ, имајќи предвид дека, откако компанијата ги издаде акциите на пазарот, сé стори како што треба“, вели Пејчтер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП