19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа цените на акциите на европските берзи

Пораснаа цените на акциите на европските берзи

berzi ey3

Цените на акциите на европските берзи во среда порасна заради добрите корпоративни резултати и поскапувањето на нафтата над 45 долари за барел.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,56 отсто на 6.319 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,39 отсто, на 10.299 поени, а париски CAC 0,58 отсто, на 4.559 бодови.

Најдобри резултати забележа индексот на берзата во Осло, OBX, кој зајакна 2,14 отсто.

Цената на акциите на норвешки Statoil порасна 6,1 отсто откако нафтената компанија објави заработка поголема од очекуваното.

Заработката на компанијата Total исто така ги надмина прогнозите, а акцијата на ова компанија порасна 2,8 отсто, пренесуваат агенциите.

Меѓу добитниците беше и Adidas со раст на цената на акцијата од околу шест отсто. Германскиот производител на спортска опрема објави подобри од очекуваните бизнис резултати и ја зголеми проценката на приходите и добивката за ова година.

Грчката берза се најде под притисок на проблемите што потсетуваат на минатогодишните, откако беше објавено дека министрите за финансии на еврозоната нема да се сретнат денес, како што претходно беше планирано, бидејќи им треба дополнително време за разгледување на реформите што ги предлага грчката Влада за да добие нови кредити.

Берзите беа поддржани и од растот на цените на нафтата, кои ги достигнаа највисоките нивоа ова година благодарејќи на податоците за неочекуван пад на залихите на нафта во САД минатата недела и послабиот долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП