20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемени инвестиции во инфраструктурни проекти во првите три месеци од годината

Зголемени инвестиции во инфраструктурни проекти во првите три месеци од годината

FILE AUSTRIA TELEKOM AUSTRIA

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2016 година вклучувајќи ги и резултатите од работењето во Македонија. Во Република Македонија, резултатите за првиот квартал од 2016 година, ги вклучуваат уделите на оне.Вип и Близу Македонија.

По спојувањето со поранешниот трет по големина мобилен оператор, оне.Вип заклучно со 31 март 2016 г. имаше мобилна корисничка база од 1,146,000 корисници и достигна пазарен удел од 53.3% во мобилната телефонија. Во делот на фиксни услуги, на крајот на првиот квартал 2016г. сегментот Македонија брои повеќе од 143,000 корисници со 307,000 фиксни услуги (ТВ, широкопојасен интернет и говорни услуги на фиксна локација).

Како резултат на спојувањето на двата оператори во оне.Вип, завршено на 1 октомври 2015 година, приходите во Македонија изнесуваат над 29 милиони евра, додека заработката пред камати и даноци. (ЕБИТ) бележи намалување во однос на истиот период минатата година и за првиот квартал 2016 година изнесува негативни 11.5 милиони евра. Капиталните трошоци беа водени од инвестиции во мобилната и фиксната мрежа и беа значително повисоки во првиот квартал од 2016 г. споредено со 2015 г. и изнесуваа над 6,400,000 евра.

Сегментот Македонија од Телеком Австрија Групацијата ги вклучува резултатите од работењето на оне.Вип ДОО Скопје – компанија основана со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ во октомври 2015 г. при што Телеком Австрија Групацијата има 55% удел и единствена контрола над ново формираниот ентитет оне.Вип, а Групацијата Телеком Словеније има удел од 45%. Аквизицијата на Близу Македонија што заврши на 30 јули 2014 г. претставува значаен чекор во реализација на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата.

Во 2015 г. оне.Вип започна со инвестиции во нова мобилна мрежа и модернизација на инфраструктурата на фиксната мрежа, која продолжува и во 2016 г. и до крајот на 2016г. ќе обезбеди најнапредна мобилна технологија низ цела Македонија.

Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY) вчера вечерта ги објави финансиски резултати за првиот квартал на 2016 година заклучно со март 31, 2016г.

Повеќе информации за резултатите на Телеком Австрија Групацијата се достапни на http://www.telekomaustria.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП