25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците го знаат рецептот: Невработеност, што е тоа?

Германците го знаат рецептот: Невработеност, што е тоа?

ger 333

Стапката на невработеност во Германија во април се задржа на рекордно ниско ниво, како продолжување на обновувањето на најголемата европска економија.

Според најновите информации, стапката на невработеност во април изнесувала 6,2 отсто, што е непроменето во однос на март, се наведува во соопштението на Федералната канцеларија за статистика.

Бројот на невработени лица во Германија е намален за 16.000 или на 2,706 милиони.

Aктуелната стапка на невработеност е најниската од соединувањето на западна и источна Германија во 1990-та година.

Според неприлагодените податоци, вкупната невработеност забележа пад за 101.000 лица или на 2,74 милиони, а стапката на невработеност на 6,3 отсто во април од мартовските 6,5 проценти.

„Се очекува дека германската економија ќе оствари опиплив раст во првиот квартал од 2016-та година. Кога станува збор за глобалната неизвесност, економските очекувања укажуваат на скромно подобрување. Пазарот на труд продолжува да се развива позитивно“, се наведува во соопштението на германската канцеларија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП