19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈубилејна манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“ во Општина Илинден

Јубилејна манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“ во Општина Илинден

kniga jajce 33

Општина Илинден ја организира јубилејната 10-та по ред традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”.

Оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во денеска од 10 до 14 часот во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадиишеснаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2016 Велигденски јајца.

Во изминатите девет години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велики четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 27.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.

Општина Илинден, покрај поканата за учество на претстојната манифестација, ја користи можноста уште еднаш да им се заблагодари на сите досегашни учесници во „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис секторот, на повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, на учениците, како и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, давајќи голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП