16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со одличен резултат за првиот квартал од 2016 година

Комерцијална банка со одличен резултат за првиот квартал од 2016 година

kb

Во периодот од 01.01-31.03.2016 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 170,1 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 526,8 милиони денари.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 3,6% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемувањето на нето приходите од камата и нето приходите од тргување.

Позитивно влијание врз финансискиот резултат во извештајниот период има значителното намалување на исправката на вредност на корпоративните кредити, како и намалувањето на загубата за оштетување на имотот преземен по 01.01.2010 година, која согласно регулативата е евидентирана на 01.01.2016 година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.085,5 милиони денари и бележат пораст од 2,6% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2016 година истите бележат зголемување од 8,5% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 99,9%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2016 година изнесуваат 210,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 4,2%. Планот за анализираниот период е остварен со 93,2%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2016 година изнесуваат 26,6 милиони денари и бележат намалување од 0,1%. Планот за анализираниот период е остварен со 97,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2016 година изнесуваат 61,5 милиони денари и бележат намалување за 29,3%. Планот за анализираниот период е остварен со 66,4%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2016 година изнесуваат 421,1 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 1,1%. Планот е остварен со 92,2%.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец март изнесува 100 милиони денари и се однесува на евидентирана втора рата од пресметано оштетување на средствата преземени по 01.01.2010 година.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.03.2016 година достигна износ од 394,4 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 52,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП