20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони го продаде Милан на кинески инвеститори

Берлускони го продаде Милан на кинески инвеститори

milan-inv

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, ја договорил продажбата на клубот на кинески инвеститори за сума од 700 милиони евра, пренесува Тутоспорт.

Силвио Берлускони по долги преговори, кои се воделе во Рим, се согласил да продаде 70 отсто од акциите на Милан. Италијанските медиуми информираат дека договорот ќе биде потпишан најдоцна до понеделник.

Идентитетот на новиот сопственик на клубот не е откриен, но како што пишува Тутоспорт во „игра“ се две имиња, Џек Ма, кој се смета за најбогат Кинез и исто така еден од најбогатите луѓе во Кина Робин Лин.

Планот на Кинезите е најпрвин да превземат 70 отсто од акциите, а наредната година да ги купат и преостанатите 30 отсто.

Берлускони во далечната 1986 година го спаси Милан од банкрот, а потоа успеа да го претвори во еден од најдобрите тимови на Стариот континент. Милан во ерата на Берлускони освои осум Скудета и пет титули во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП