28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda го откри своето крос-купе (фото+видео)

Mazda го откри своето крос-купе (фото+видео)

cx4 00

Јапонската компанија „Mazda“ го искористи автосаемот во Пекинг за да го претстави пред публиката кросоверот „CX-4“.

cx4 01

Новиот модел е изграден врз основа на „Mazda CX-5“, но е за 78 мм подолг (4633 mm) и за 130 мм понизок (1530 mm) од него. Во исто време широчината е 1840 мм, и растојанието помеѓу двете оски е 2700 мм, се идентични. Просветата кај „CX-4“ е 196 мм е за 14 мм помалку од „CX-5“.

cx4 02

Крос-купето ќе се нуди во прво време со два 4-цилиндрични бензински мотори од семејството „SkyActive“. Тоа се 2,0-литарски мотор со 157 КС и 2,5-литарски кој развива 191 КС. За првиот се предвидува, како 6-брзински мануелен, така и 6-брзински автоматски менувач. За вториот постои само автоматски.

cx4 03

Во опремата на „Mazda CX-4“ влегуваат дисплеј, мултимедијален систем „MZD Connect“ со „Bluetooth“, „USB“ и навигација, а исто така и голем број на системи за безбедност и асистенти на возачот.

cx4 05

Во прво време новиот модел ќе биде достапен само во Кина, но претставниците на „Mazda“ открија пред медиумите во Пекинг дека се предвидува тој да се појави и на други пазари, вклучувајќи и европските. Тоа најверојатно ќе се случи во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП