25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel се збогуваше со компјутерите и започнува нова стратегија

Intel се збогуваше со компјутерите и започнува нова стратегија

krzanic 355

„Intel“ официјално се збогуваше со компјутерите. Извршниот директор на компанијата Брајан Крзанич објави дека тие почнуваат целосна промена на фокусот, а персоналните компјутери остануваат во второстепен план.

Новата стратегија е базирана на пет основни елементи. На кратко „Intel“ ќе се пренасочува кон „облак“ услугите и паметните уреди кои ќе бидат дел од интернет на нештата. Крзанич додава дека персоналнот компјутер е само еден од овие уреди, а не главната цел, како што беше досега.

„Intel“ веќе сака да развива и нуди чипови и услуги за различни технологии. Крзанич ги посочува серверите, „Data“ центрите, паметните уреди, автономните автомобили, меморијата и 5G мрежите, како дел од главните на компанијата. Покрај тоа „Intel“ ќе се насочи и кон технологијата за подобрување на производството и фабриките.

Крзанич додава дека околу 40% од приходите на „Intel“ веќе доаѓаат од другите бизниси на компанијата надвор од компјутерите. Покрај тоа, тие генерираат 60% од маргината. „Облак“ услугите ќе имаат основна улога. Слично на „Microsoft“, „Intel“ гледа на ова како главен извор на приходите, претежно преку понудата на моќни процесори за сервери.

Друго „перо“ ќе е виртуелизација, која повторно вклучува моќен хардвер кој да се справи со големи количини информации и уште повисоки барања за перформанси, кога станува збор за анализа на податоци. „Intel“ ќе се обиде да го зголеми своето присуство на свои компоненти во „Data“ центрите надвор од процесори.

Сегашното јадро на компанијата – процесори за мобилни телефони и компјутери – ќе стане елемент од целокупната стратегија. „Intel“ ќе продолжи да се обидува да се придржува кон Законот на Мур, кој го опишува претежно како економски закон.

„Веќе набљудував четири прогласувања на „Законот на Мур“ за мртов. Планираме да докажеме дека тој всушност е жив и во многу добра здравствена состојба“, коментира Крзанич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП