25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто кога на разговорот за работа ќе ве прашаат „Зошто дадовте отказ...

Што кога на разговорот за работа ќе ве прашаат „Зошто дадовте отказ на претходната работа?“

intervju1

Сте дале отказ и барате нова работа. Морате да бидете свесни дека на следниот разговор за работа може да ве дочека прашањето за тоа зошто сте дале отказ на претходното работно место.

Освен што е паметно однапред да смислите одговор на тоа прашање, имајте на ум дека работодавецот будно ќе го следи вашиот одговор.

Постојат многу потенцијални причини за давање на отказ – можеби ви било досадно на таа работа, можеби сте го мразеле шефот, можеби ви недостасувале предизвици – но земете во предвид дека разговорот за работа можеби не е идеално место за приказните за тоа колку и зошто сте го мразеле поранешниот шеф.

Ви претставуваме три совети кои можат да ви помогнат:

Одговарајте позитивно

На разговорот за работа комуникацијата секогаш треба да биде позитивно интонирана. На пример, можете да објасните дека на поранешниот работодавец сте му навистина благодарни за дадената прилика и колку многу сте научиле на претходното работно место. Ќе звучите професионално и на работодавецот ќе му биде јасно дека ги почитувате надредените. Никогаш немојте да ги „озборувате“ поранешните колеги ниту компанијата

Не навлегувајте во детали

Немојте во детали да ги изнесувате причините поради кои сте дале отказ. Немојте да изјавувате „Ми недостасуваа предизвици“, туку преформулирајте го тоа во „Барам нови предизвици во тоа и тоа подрачје“, а работата во вашата компанија ќе ми го овозможи токму тоа.

Фокусирајте се на иднината

Наместо да се завртувате на минатите неуспеси, зборувајте за тоа што очекувате во иднина. Поврзете ги моменталните вештини и знаења со плановите за иднина и ќе оставите впечаток на личност која е полна со потенцијали и простор за напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП