28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Инфлацијата мора да биде под контрола“

„Инфлацијата мора да биде под контрола“

P

Меѓународниот монетарен фонд ги повика централните банки да се фокусираат на инфлацијата и се спротистват на политчките притисоци, како и да бидат фокусирани на намалување на невработеноста.

Во моментот кога многу влади очајнички настојуваат да пронајдат начин за креирање на работни места, ММФ вели дека уште поважно е централните банки да ја потврдат својата независност така што ќе се фокусираат на потенцијалните економски проблеми – без разлика дали станува збор за економскиот раст, цените или работните места.

„По Големата рецесија, постои итност за намалување на невработеноста“, се вели во извештајот на ММФ, за перспективите на светската економија.

Иако ММФ посочи дека не постои закана од инфлација, многу економисти се уште се загрижени дека големото олабавување на монетарната политика, која во последно време ја спроведуваат централните банки, би можела да поттикне голем раст на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП