18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЧекор поблизу до реалноста: YouTube ќе емитува во живо видеа од 360...

Чекор поблизу до реалноста: YouTube ќе емитува во живо видеа од 360 степени (видео)

jubi 3

Претходно во оваа година имаше гласини дека видео сервисот „YouTube“ работи на функција која ќе им овозможува на корисниците пренос во живо на видео записи од 360 степени.

„На еден чекор поблизу до реалноста – претставуваме „стриминг“ во живо од 360 степени“, истакнаа официјалните претставници од „YouTube“ на својот официјален блог и со тоа ја претставија најновата можност за гледање на најновите видео записи од 360 степени.

Преносот на видео во живо од 360 степени секој корисник ќе биде во можност да го гледа со помош на шлемовите на виртуелната реалност со кои ќе ги разгледуваат настаните околу себе кои ќе се емитуваат во живо.

Компанијата „Google“ оваа нова технологија ја претстави на музичкиот фестивал „Коачела“, на кој некои од бендовите имаа пренос во живо на 360 степени.

„YouTube“ исто така најави лансирањето на опкружувачки звук, со која корисниците ќе можат да уживаат во реален звук со доволна длабочина, оддалеченоста и интензитет, врз основа на она што природно се слуша во однос на позицијата во која едно лице е на вистински настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП