24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВтор живот за Citroen C6 (фото)

Втор живот за Citroen C6 (фото)

c6 00

На крајот на 2012-та година официјално ја испративме во пензија лимузината „Citroen C6“. Сега повторно ја пресретнуваме, но во Пекинг. Станува збор за целосно нов модел кој ќе се произведува во Кина.

c6 01

Информациите во моментов се ограничени, но според локалните медиуми во основата на новата генерација „C6“ е кинескиот „Fengshen A9“ кој „Citroen“ и „Dongfeng“ го произведуваат заеднички за кинескиот пазар. Моделот ја користи платформата „EMP2“, на која се изградени новите модели на „PSA Group“.

c6 02

Информации за димензиите на втората генерација „Citroen C6“ не е достапна, но „Fengshen A9“ има должина од над 5 метри и меѓуоскино растојание од цели 2,9 метри.

c6 03

Што се однесува до дизајнот, тој е далеку порезервиран и умерен од овој на првиот „Citroen C6“. Ентериерот пак демонстрира висока опрема и напредна технологија, меѓу кои дигитален панел за инструменти.

c6 04

Се очекува Кинезите да овозможат моделот со 1.8-литарски бензински турбо мотор да развива 204 КС. Тој е комбиниран со 6-брзински автоматски менувач. За „C6“ се предвидува и хибридна модификација.

c6 05

Претходно оваа недела се појави информацијтаа и за цената на моделот. Во Кина новиот „Citroen C6“ ќе стартува од околу 200.000 јуани (околу 27.000 евра). Моделот ќе се произведува во фабриката со заедничко вложување на „Dongfeng“ и „Citroen“ во Кина.

c6 06

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП