19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Samsung Galaxy Note ќе има заоблен екран?

Новиот Samsung Galaxy Note ќе има заоблен екран?

note 335553333

Додека моделите на „Samsung“ – „S7“ и „S7 Edge“ за титулата најдобар паметен телефон на годината се натпреваруваат со другите брендови и нивните модели, на пазарот наскоро ќе пристигне третиот овогодишен претставник на корејската компанија – „Galaxy Note 6“.

Според веродостојните гласини на кои се потпишува „SamMobile“, новиот „Note“ нема да пристигне пред летото, а во продажба нема да се најде само една верзија на уредот. Ова е интересно со оглед дека „Samsung“ најверојатно тестира две верзии, една со закривен екран и друг со рамен „Quad HD“ дисплеј со резолуција од 2.560 x 1.440.

Поголемата батерија исто така е меѓу карактеристиките кои ќе го следат новиот „Samsung Galaxy Note“. Станува збор за батерија од 4.000 mAh. Само за споредба, „Galaxy Note 5“ во себе имаше батерија од 3.220 mAh.

Исто така, новиот уред на „Samsung“ би требало да биде опремен со процесорот „Qualcomm Snapdragon 823“ со 6 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

Иако за камерата не стануваше збор, „Samsung“ најверојатно ќе оди со варијантата од 12-мегапикселна камера на задната и со камера од 5 мегапиксели на предниот дел од уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП