29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Renault Koleos пристигнува во Европа (фото+видео)

Новиот Renault Koleos пристигнува во Европа (фото+видео)

koln 00

„Renault“ објави фотографии и информации за новата генерација на „Koleos“, кој ќе ја предводи палетата од кросовери на француската марка. Моделот ќе дебитира на саемот во Пекинг, но ќе се продава глобално.

koln 01

Косоверот кој е позициониран во сегментот „D“ го користи новиот дизајнерски јазик на „Renault“, познат од модели како „Megane“, „Talisman“ и „Kadjar“. Тој е конструиран врз основа на „Nissan X-Trail“, а е малку поголем од првата генерација на „Koleos“.

koln 02

Димензиите на новиот модел се должина од 4672 мм, ширина од 1843 мм, висина од 1678 мм и растојание помеѓу двете оски од 2705 мм. Од официјалните информации станува јасно дека „Koleos“ нуди водечки во сегментот простор во кабината, висока позиција на седиштата и висока опрема.

koln 03

Меѓу системите кои се ноаѓаат во моделот се инфо-забавниот систем „R-LINK 2“, волан со греење, аудио „BOSE“ систем, дигитални апарати, амбиентно осветлување, автоматски систем за итно сопирање, технологија за препознавање на сообраќајните знаци, камера за рикверц, системот за предупредување за присуство на објект во слепата зона на ретровизорите и друго.

koln 04

Погонскиот систем на втората генерација „Koleos“ е идентична со онаа кај „Nissan X-Trail“. Таа располага со неколку режими – „2WD“, „4WD AUTO“ и „4WD LOCK“. Во палетата мотори ќе бидат вклучени бензински мотори, развој на моќност од 150 и 200 КС. Дизел агрегатот ќе биде со зафатнина од 1,6 литри, а ќе располага со 160 КС.

koln 06

Новиот „Koleos“ ќе биде достапен на 80 пазари во светот. Главниот од нив ќе биде Кина, а копии за овој пазар ќе се произведуваат во Вухан. Останатите 79 пазари, меѓу кои и Европа, ќе ги добиваат автомобилите од фабриката во Бусан, Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП