20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на Lumia телефони забележа пад од 73%

Продажбата на Lumia телефони забележа пад од 73%

lumi 3

Продажбата на смартфоните „Lumia“ на „Microsoft“ регистрирале огромен пад за првиот квартал од оваа година. Компанијата има продадено 2.3 милиони телефон, што е за 73% помалку во однос на истиот период од една година порано, станува јасно од објавениот финансиски извештај.

Тоа е третиот квартал на фискалната година на „Microsoft“, што се совпаѓа со првата четвртина од календарската година. Најсериозен пад на продажбата се одразува и како 46% намалување на приходите на компанијата од мобилните телефони. „Microsoft“ практично го напушти овој сегмент и не претставувајќи нови уреди веќе подолго време, тоа не е изненадувачки. Се очекува компанијата да се обиде да се врати во сегментот, кога развојот на мобилната верзија на „Windows 10“ е целосно завршена.

Вкупните приходи на „Microsoft“ за периодот изнесуваат 20,5 милијарди долари – со 5.5% помалку во однос на една година претходно, или 3.8 милијарди од нив се нето приходи. Пад има и кај приходите од „Windows“ – 2%.

Сепак, ситуацијата не е толку тешка за „Microsoft“. Компанијата предвиде сериозен раст на приходите од облачните и корпоративните услуги. „Office 365“ за бизнисот помогнал на одделот да се подигнат приходите со 7%. Обичната верзија на софтверскиот пакет за крајни корисници, исто така е зголемен профитот со 6% и бројот активни претплатници е 22.2 милиони луѓе. Серверите и облачните услуги предвидо раст од 5%, а приходите од „Azure“ регистрираат скок со 120%. Тоа дава оптимистички прогнози за развојот на компнанијата, која постепено се префокусира токму кон овој тип услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП