20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пад на цените во Грција од 1968

Прв пад на цените во Грција од 1968

grcija2

Индексот на потрошувачките цени во Грција во март е намален за 0,2 проценти, во однос на истиот период од 2012 година, но и за прв пат од 1968 година, соопшти Заводот за статистика Елстат.

Во февруари, цените во Грција се зголемиле за 0,1 проценти, во однос на истиот месец од претходната година.

„Тоа се случува за прв пат по мај 1968 година, индексот на цените да е негативен“, соопшти Елстат.

Последниот пад на овој индекс и тоа од 0,3 проценти беше забележан во мај 1968 година, кога беше забележан пад две години по ред, а од јуни истата година тој постојано се зголемуваше во просек за 0,5 проценти на годишно ниво, се до март 2013 година.

Опаѓањето на инфлацијата во последните месеци во Грција, како што пренесува агенцијата АФП, е последица од политичките мерки за штедење и блокирањето на рецесијата, со која грчкиот народ се соочува шеста година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП