25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја вештина речиси сите работодавци очекуваат да ја видат во вашето CV

Која вештина речиси сите работодавци очекуваат да ја видат во вашето CV

сери-озна

Време е да ги наострите моливите и да набавите очила- бидејќи вашиот вокабулар може да ви среди работа.

Според неодамнешниот извештај на американската Национална асоцијација на факултети и работодавци, вештината за пишување е во пораст и е една од најважните фактори при разгледувањето на потенцијалните кандидати за работа.

Повеќе од 73% од работодавците, менаџерите и вработените во човекови ресурси бараат кандидати за работа со одлични комуникациски вештини, но не само говорни, туку и пишани. Освен тоа, добро пишаната комуникација е рангирана како трета најпосакувана вештина во вкупниот пласман.

Покрај тоа, 75% од работодавците напоменаа дека поголем фокус е ставен на пишаната комуникациска вештина која е на ниво на факултет. Значи, кандидатите со добро знаење на англискиот (македонскиот) јазик и професиите кои се однесуваат на комуникациите стануваат омилени меѓу работодавците. Во минатото, овие вештини и занимања биле сметани за многу апстрактни за професионалната кариера, но времињата се менуваат.

Во професионалните средини, каде помалку или повеќе се се потпира на e-mail коресподенција, способноста за изразување на идеите јасно и точно е без сомнеж пресудна. Во Америка е познато дека компаниите трошат милијарди долари секоја година на дополнителна обука со цел своите вработени да ги научат на правилно пишување. Значи, фокусирајте се на вештините за пишување. Ако тоа ви е силна страна, немојте да се срамите тоа да го покажете на интервјуто за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП