20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо: Словенија ќе се извлече

Баросо: Словенија ќе се извлече

baroso4

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изрази верување дека Словенија ќе ги спроведе мерките кои се неопходни за стабилизација на нејзината економија.

Баросо очекува дека Словенија ќе го избегне барањето на меѓународна помош од европските партнери.

Тој оцени дека владата во Љубљана ќе успее во консолидацијата на буџетот, во спроведувањето на структурните реформи и стабилизирањето на домашниот банкарски сектор, пренесува агенцијата АП.

Пазарите започнаа со загриженост да гледаат на Словенија поради нејзиниот разнишан банкарски сектор.

Иако словенечкото ниво на долг е под границата на ЕУ, оваа земја со два милиони жители веќе е соочена со рефинансирање на своите долгови.

Говорејќи заедно со Баросо, словенечката премиерка Аленка Братушек ги отфрли шпекулациите дека Словенија ќе побара помош за извлекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП