20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис проблемите можат да ви го загрозат здравјето: Елиминирајте ја нервозата веднаш

Бизнис проблемите можат да ви го загрозат здравјето: Елиминирајте ја нервозата веднаш

Work-Stress1

Лицата кои се изложени на стрес на работното место имаат поголем ризик за мозочен удар, објавија шведските научници од универзитетот во Јонкопинг.

Инаку, стресот на работното место претходно беше поврзуван и со зголемениот ризик за срцев удар (инфаркт), пишува магазинот „Stroke“.

Новите резултати врз основа на анализата на податоци собрани за потребите на 14 претходни студии, изложеноста на стрес на работното место ја поврзаа со 24 проценти зголемен ризик за исхемиски мозочен удар, предизвикан од згрутчување на крвта, пишува агенцијата Ројтерс.

Инаку, на секои 100 илјади жители во Европа годишно се забележани 115 исхемиски мозочни удари кај мажите и 75 исхемиски удари кај жените.

Останати фактори за ризик од мозочен удар се зголемената концентрација на холестерoл во крвта, дијабетесот, хипертензијата и семејната историја за мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП