19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмате над 40 години? Би требало да работите три дена неделно

Имате над 40 години? Би требало да работите три дена неделно

работа-години

Лицата постари од 40 години кои работат 55 часа неделно, се уморни и под стрес, а таквата состојба влијае и на нивната работна способност.

Луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена неделно, покажа најновата студија која ја објави Универзитетот во Мелбурн.

Истражувањето во кое со помош на низа когнитивни тестови се анализирани работните способности на 3000 мажи и 3500 жени покажа дела луѓето во средните години се најпродуктивни доколку неделно на работа не поминуваат повеќе од 25 часа.

Лицата постари од 40 години кои работат 55 часа неделно се уморни и под стрес, а таквата состојба влијае и на нивната работна способност. Кога работат подолго од 25 часа лицата постари од 40 години се помалку продуктивни дури и од пензионерите, наведуваат авторите на студијата.

Еден од авторите на студијата, професорот Колин Мекензи за Тајмс изјави дека многу земји ја одложуваат границата за заминување во пензија на постари години, што значи дека се повеќе стари лица ќе бидат работно активни.

„Разликата во должината на работното време влијае на работните способности. Работата е нож со две сечила. Таа од една страна го стимулира мозокот, а од друга страна кога човекот поминува повеќе време на работа го доведува до замор и стрес кои се потенцијална опасност за когнитивните способности“, изјави Мекензи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП