25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSeavus динамично го освојува светскиот пазар: Отворена нова канцеларија во Цирих

Seavus динамично го освојува светскиот пазар: Отворена нова канцеларија во Цирих

Seavus-Logo

Зголемување на меѓународната присутност на најголемата ИТ компанија во Македонија и регионот продолжува во 2013 со уште поамбициозна динамика. Имено, следејќи ја својата стратегија за глобална експанзија, Seavus во Фебруари 2013та година, отвори нова канцеларија во Цирих, Швајцарија. Согласно развојните планови канцеларијата во Цирих се планира да порасне до 10 вработени со врвна стручна експертиза од областа.

Оваа македонска компанија која е основана пред 13 години, веќе подолго време е сериозна конкуренција на многу светски брендови од ИТ индустријата, а со тоа брендот Seavus веќе ужива висока меѓународна репутација како кај највискорангираните светски клиенти, така и кај конкуренцијата од Европа и САД.

Менаџментот на компанијата открива дека до крајот на оваа година ќе се отворат уште 2 канцеларии во Европа, согласно зацртаните развојни планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП