19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen успешно го крие новиот концепт

Citroen успешно го крие новиот концепт

ds

„Citroen“ за претстојниот саем за автомобили во Шангај ја најави премиерата на новиот концепт „Wild Rubis“ од ексклузивната серија DS. Францускиот производител се уште држи во тајност за какво возило станува збор, но се верува дека во прашање е луксузен кросовер заснован на доделот DS5.

За да ја разбуди маштата кај љубителите на автомобили, „Citroen“ објави кратко видео со кое го најавува новиот концепт „DS Wild Rubis“, но возилото многу малку се гледа.

Сепак фотографијата која неодамна се појави на интернет наговестува дека во прашање е претходно најавениот кросовер кој ја дели платформата со „Citroen DS5“.

Се шпекулира дека идниот сериски модел на овој кросовер ќе ја има ознаката DSX и дека ќе биде долг околу 4.7 метри. Автомобилот ќе биде достапен и во конфигурација со погон на сите четири тркала, а во продажните салони се очекува во 2014-та година.

Верзијата за европскиот пазар ќе има и дизел-електричен хибриден погонски систем кој би се состоел од HDI мотор со 163ks, батерија и електромотор кој ќе развива 37ks.

„Citroen“ најави повеќе информации за концептот „DS Wild Rubis“ за 11-ти април кога би требало да бидат објавени и првите фотографии од овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП