20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкар вратил 2 милиони евра, сметал дека добил премногу

Банкар вратил 2 милиони евра, сметал дека добил премногу

stepic1

Шефот на Рајфајзен банк интернационал (РБИ), Херберт Степиќ, вратил два милиони евра од својата плата во банка, сметајќи дека премногу добил минатата година.

На Степиќ на име плата минатата година му биле исплатени 4,9 милиони евра, а тој во меилот упатен до вработените изјавил дека тоа е премногу и дека одлучил да врати дел од примањата.

Во обраќањето пред вработените тој објаснил дека враќа дел од парите “бидејќи висината на примањата не се во согласност со неговите размислувања и вредните основи на групацијата“.

Во исто време, тој истакнал дека неговите примања биле далеку под просекот на шефовите на банки во Европа, кои се во висина од 6,5 милиони евра. Што се однесува до висината на неговата плата, Степиќ објаснил дека наведениот износ опфаќа и бонус за минатата година, која била многу успешна.

Додека Степиќ ја прикажува својата одлука за враќање на пари како морална обврска кон куќата која ја води и личен придонес кон ригидните мерки за штедење на компанијата, во круговите на австриските банки владее зачуденост поради висината на платата на шефот на РБИ.

Инаку, РБИ утре ќе го претстави деловниот извештај за 2012 година и за прв пат, како што наложува законот, во него ќе бидат опфатени и надоместоците на членовите од Одборот.

До сега, платите на раководниот кадар, беа само делумно прикажувани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП